Вие имате прво да ја знаете вистината

Ердоган испрати остра порака до светот: Сакаме да го промениме светскиот поредок!

Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган изјави дека целта на Турција со слоганот „Светот е поголем од пет“, како во меѓународните односи така и во економијата, е да се промени светскиот поредок изграден врз основа на експлоатација и угнетување.

Кажувајќи дека промената е животен факт, но и дека постои остра разлика помеѓу промената и угнетувањето, претседателот на Турција, Ердоган исто така изјави дека човештвото претрпело голема трансформација и дегенерација во еден аспект, во која неговите антички вредности се нарушени во последните два века.

Заедно со модернизацијата, се промени и перспективата на луѓето кон сопствената природа, околината и другите суштества со кои го делиме животот, тврди турскиот лидер.

Го отфрламе секој пристап што го обезвреднува човекот. Ние веруваме дека цивилизацијата нуди рецепт за спас од падот на современите луѓе. Исламската цивилизација, која се заснова на знаење, мудрост, морал и правда, има за цел да го разубави светот и да го направи посоодветен за живот на сите живи суштества, потенцираше, Реџеп Тајип Ердоган.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!