Вие имате прво да ја знаете вистината

Заразата со коронавирус се удвојува во Црна Гора: „Заострување на мерките“

Црногорските епидемиолози денес регистрираа 1.120 нови случаи на коронавирус, речиси двојно повеќе од понеделникот кога имаше 580, поради што здравствените власти најавија заострување на мерките.

Црногорските здравствени власти најавуваат нови епидемиолошки мерки и дека според досегашните истражувања најголем број заразени со варијантата омикрон има кај оние помлади од 40 години.

„Поради брзиот раст на пациентите заболени со омикрон, Министерството за здравство утре ќе донесе одлука за заострување на епидемиолошките мерки“, велат од институцијата. Најавено е дека во тек се консултации на сите нивоа на здравствениот систем со цел од утре да започне поинаква организација на работата што предвидува дополнително ангажирање на лекари и медицински персонал од секундарното ниво во примарната здравствена заштита.

Црногорските здравствени власти минатата недела, поради пад на бројот на пациенти, дозволија работа на угостителските објекти за време на божиќните и новогодишните празници и по полноќ, но со задолжително поседување национален сертификат за ковид.

Организираните новогодишни прослави на градските плоштади од претходно се забранети, а носењето маска е задолжително во затворени простории.

Црна Гора со две дози имунизирала околу 60 отсто од возрасната популација, додека третата доза ја примиле 75.000 Црногорци.

Од почетокот на пандемијата на коронавирус, во Црна Гора починале 2.398 лица.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!