Вие имате прво да ја знаете вистината

Кина со остри критики кон Илон Маск: Кинеската вселенска станица имала две блиски средби со неговите сателити во Вселената

Кина е на работ на конфликт со американскиот мултимилијардер Илон Маск, бидејќи нивната вселенска станица беше принудена да избегне најмалку два судири во јули и октомври со сателити лансирани од неговата компанија за време на неговиот проект за Интернет сервис Starlink. 

Обвинувањата за инцидентот беа проследени до вселенската агенција на ОН. Додека од компанијата Space X сè уште не се добиени одговори.

Од безбедносни причини, кинеската вселенска станица почна да спроведува контроли за избегнување судир, се вели во документот на властите во Пекинг.

Компанијата на милијардерот, Тесла, која произведува електрични автомобили, се повеќе е под контрола на регулаторите. Кина, исто така, ги обвини Соединетите Американски Држави дека ги загрозуваат астронаутите, игнорирајќи ги обврските од договорите за вселената.

Во исто време на социјалните мрежи се појавија коментари дека сателитите се „американско оружје за вселенска војна“, а компанијата на Маск е ново оружје направено од американската влада и армија.

Научниците изразија загриженост за ризикот од вселенски судири и ги повикаа светските влади да споделат информации за 30.000 сателити и други вселенски отпадоци кои орбитираат околу Земјата. 

За време на Space X беа лансирани речиси 1.900 сателити како дел од мрежата Starlink, а се планира да бидат распоредени уште илјада кој ќе кружат околу нашата планета.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!