Вие имате прво да ја знаете вистината

Мораме да бидеме подготвени за следната пандемија, загрижувачка изјава на генералниот секретар на ОН!

Мора да се посвети поголемо внимание на ова прашање.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денес, по повод Меѓународниот ден за подготвеност од епидемии, изјави дека сегашната пандемија на вирусот Ковид-19 нема да биде последна и дека човештвото мора да се подготви за нови предизвици.

Ковид 19 нема да биде последната пандемија со која се соочува човештвото. Како што реагираме на оваа здравствена криза, мора да се подготвиме и за следната, наведе Гутереш во својата објава на социјалната мрежа Твитер.

Тој ги повика сите да посветат поголемо внимание на ова прашање.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!