Вие имате прво да ја знаете вистината

НАПРАВЕТЕ ГО ОВА ПРЕД НОВА ГОДИНА И КОНЕЧНО ПРИВЛЕЧЕТЕ ја ЉУБОВта: фенг шуи совети како додворувачите да се фрлат пред вашите нозе

Никако да ви тргне во љубовта? Направете ги следните чекори и гледајте како додворувачите се фрлаат пред вашите нозе!

Ако ви се чини дека сите освен вас имаат среќа во љубовта и не можете да сретнете некој со кој би можеле да уживате во врската, некои фенг шуи трикови можат да помогнат. Експертите во оваа источна практика откриваат како да го избркате негативното и да привлечете позитивна енергија и љубов во вашиот живот.

Исчистете ја спалната соба

Ако вашата спална соба е неуредна, преполна со работи, енергијата што тече е слаба и бавна. За да го промените тоа, треба да ја средите собата, за да може енергијата слободно да циркулира и да ви донесе позитивни работи на љубовниот план.

Направете простор во собата

Ако сакате да имате посериозна врска или веќе сте во врска и сакате таа да оди кон заедничко живеење и брак, направете простор за друга личност во вашата спална соба.

Проверете ги фиоките и плакарите, особено во спалната соба, а доколку се полни со вашите работи, поставете си цел да испразните некои делови. Кога ќе го направите тоа, визуелизирајте ги работите на вашиот партнер во тие плакари и фиоки.

Дополнително, доколку сакате вашиот љубовен живот да цвета, се препорачува во собата од југозападната страна да чувате фигурички од две мандарински патки, кои се сметаат за симбол на љубовта во фенг шуи. Исто така, може да се земат предвид и некои други фигури, но важно е да има две, за да претставуваат пар.

Ослободете се од се што е поврзано со бившиот

Од дома, а особено од спалната соба, отстранете се што има врска со бившите љубовници. Значи, слики, писма, какви било подароци што сте ги добиле од бившиот партнер не треба да ги има во вашиот дом, без разлика што можеби сте во добри односи или тоа е драг спомен.

Исфрлите се што има негативна конотација

Сите предмети – слики, скулптури, фотографии, фигури… кои претставуваат осаменост, тага или нешто друго негативно, исфрлете ги од дома бидејќи според фенг шуи тоа привлекува негативна енергија.

Отворете се за љубовта

Внимавајте влезната врата, како и вратата од спалната да можат нормално да се отвораат, ништо да не ги блокира, да не се скршени и слично, бидејќи сето тоа спречува позитивната енергија да влезе во вашиот дом.

Поместете го креветот

Ако вашиот кревет во собата е поставен така што едната страна е целосно до ѕидот, имајте на ум дека личноста која спие до ѕидот може да се чувствува заглавена во врска, заробена. Ако е можно, поместете го креветот така што пристапот е слободен од двете страни.

Идеалната положба е креветот да биде на спротивната страна од собата од вратата, но не и директно наспроти нив.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!