Вие имате прво да ја знаете вистината

Наскоро можен договор помеѓу САД и Иран. Преговорите за нуклеарното прашање одат во добар правец

Иран денес соопшти дека преговорите за спасување на нуклеарниот договор од 2015 година со светските сили одат во вистинска насока и дека договорот е можен доколку другите страни покажат добра волја и сериозност за пронаоѓање на соодветно решение.

Преговорите во Виена одат во вистинската насока. Ние веруваме дека ако другите страни ја продолжат рундата преговори со добра волја, можно е постигнување добар договор за сите страни, изјави за новинарите иранскиот министер за надворешни работи, Хосеин Амир-Абдолахиан.

Тој изјави дека доколку другите страни покажат сериозност, покрај добрите намери, можно е наскоро да се постигне договор.

Иран и Соединетите Американски Држави ги продолжија индиректните разговори во понеделникот, а фокусот на Техеран беше на укинување на сите американски санкции што ќе гарантираат слободен извоз на иранската нафта.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!