Вие имате прво да ја знаете вистината

Наташа Беквалац почна нов бизнис, парите кои ги заработува се огромни, еве со што сега се бави

Пејачката Наташа Беквалац не се плаши од кризата и не се плаши од недостигот на настапи поради пандемијата на корона вирусот, бидејќи има друг, вносен бизнис!

Наташа го издава својот луксузен имот во Ченеј за разни видови прослави, а за една недела заработува најмалку 2.800 евра.

Беквалац пред извесно време со ќерките се врати во српската престолнина каде има и недвижен имот, а засега планира да остане таму. Затоа одлучила нејзината луксузна куќа на фармата да не биде празна и да собира прашина, па почнала да ја издава.

Според извор близок до пејачката, нејзиниот имот е прекрасно уреден, има прекрасна градина, базен, а внатрешноста на куќата е како од бајка, поради што е погодна и за зимски и за летни прослави. Цената за изнајмување е вистинска „ситница“ и изнесува 700 евра дневно, со можност за преноќување во куќата. Бидејќи фармата издава најмалку четири пати неделно, Наташа за седум дена заработува речиси три илјади евра!

Сепак, рекордот беше ова лето, кога таа заработи речиси десет илјади евра. Имено, во јули годинава, кога малку се намалија мерките против Ковид и кога можеше да се организираат свадби и големи веселби, таа куќата ја издавала дури 14 пати, вели соговорникот. Со едноставна пресметка Наташа тој месец заработила 9.800 евра!

Инаку, за изнајмување на фармата се заинтересирани и колегите и пријателите на пејачката, а една од нив е и Катарина Грујиќ. Таа и нејзиниот партнер, фудбалерот Марко Гобељиќ, кон крајот на август го кажаа судбоносното „да“ токму на нејзиниот имот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!