Вие имате прво да ја знаете вистината

НАТО оваа година извршиле 290 воздушни мисии поради пресретнување со руски воени авиони во близина на територијата на Алијансата

Северноатлантскиот сојуз односно НАТО, објави извештај во кој се наведува дека морале да ги креваат своите борбени авиони стотици пати за да пресретне други авиони поради одредена закана, а во повеќето случаи станувало збор за руски воени авиони, соопштија денес од Алијансата.

Според НАТО, 290 од вкупно 370 воздушни мисии биле извршени во 2021 година како одговор на активностите на руските воени авиони.

Повеќето од пресретнувањата на авиони оваа година се случиле во балтичкиот регион, каде што НАТО предводи мисија на воздухопловната полиција за Естонија, Латвија и Литванија.

Повеќето од пресретнувањата се одвиваа без инциденти. Авионите на НАТО полетаа за да го идентификуваат леталото што се приближуваше, а потоа го придружуваа до надвор од воздушниот простор на Алијансата. Многу малку пресретнати авиони успеале да влезат во воздушниот простор на сојузниците, се вели во соопштението на НАТО.

Околу 80 отсто од летовите на НАТО оваа година беа одговор на руските воени авиони кои премногу се приближија до воздушниот простор на земјите-членки, стои во соопштението на Алијансата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!