Вие имате прво да ја знаете вистината

Од денеска се враќаат ноќните линии на ЈСП во Скопје

Од денеска се ставени во функција ноќните линии на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“. Се работи за 11 автобуски линии: 2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57, 61, 63 и 65Б.

Автобуските линии 2, 22, 24, 41, 57 и 65Б ќе сообраќаат секој ден, а преостанатите ќе бидат во функција во деновите од викендот или комбинирано, како и за време на празниците.

Како што соопштија градските власти, воведувањето ноќни линии е почеток на промените за подобар јавен градски превоз што е дел од програмата на раководството на ЈСП Скопје и на Град Скопје.

-На овој начин за скопјани се обезбедува јавен превоз и за време на ноќните часови, што беше укинато како опција од минатото раководството на Градот пред две години, се вели во соопштението.

Сите детали за возниот ред и трасите на ноќните линии се веќе достапни на веб-страницата на ЈСП „Скопје“.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!