Вие имате прво да ја знаете вистината

Околу 100 луѓе го загубија својот живот поради непозната смртоносна болест! СЗО го вклучи црвениот аларм!

Речиси 100 луѓе го загубија животот од мистериозна болест во Јужен Судан, додека Светската здравствена организација (СЗО) се обидува да го открие потеклото на непознатата болест.

Оваа болест досега однесе 97 животи во Фангаку, државата Џонгли во северниот дел на Јужен Судан. Властите во четвртокот потврдија дека постара жена починала од неидентификувана болест.

Министерството за здравство на Јужен Судан соопшти дека болеста ги погодува главно постарите лица и децата под 14 години. Симптомите на мистериозната болест вклучуваат кашлица, дијареа, треска, главоболка, губење на апетит, чуство на слабост и болка во градите.

Претставници на СЗО се распоредени во регионот за да ја истражат болеста, но, наводно, ја напуштиле областа без да им откријат што откриле и до какви сознајнија успеале да дојдат на локалните власти.

Министерството додаде дека регионот неодамна бил погоден од екстремни поплави.

Ова го зголеми притисокот врз локалните здравствени власти. Во ноември, Лекарите без граници предупредија дека поплавите во Јужен Судан се совршена бура за појава на нови болести.

Повеќе од 200.000 луѓе ги напуштија своите домови поради како што беше кажано најлошите поплави во регионот во последните 60 години.

Обединетите нации како причина за поплавите ги посочуваат климатските промени.

Лекарите без граници соопштија дека луѓето погодени од поплавите се изложени на поголем ризик од епидемии и болести кои се пренесуваат преку вода, како што се акутна водена дијареа, колера и маларија.

СЗО првично мислеше дека мистериозната болест би можела да биде појава на колера, која се пренесува во загадена вода.

Исто така мистериозната болест што го погодува Јужен Судан, соопштија од Центарот за контрола и превенција на болести дека колерата предизвикува дијареа.

Луѓето со тешка колера може да развијат тешка дехидрација, што може да доведе до откажување на бубрезите. Доколку не се лекува, може да доведе до смрт за неколку часа.

СЗО испрати научници во регионот да истражат, а тие мораа да одат таму со хеликоптер поради поплавите.

СЗО објави дека тестирала примероци на пациенти со колера, но тие наводно биле негативни.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!