Вие имате прво да ја знаете вистината

Руските власти уапсија двајца неистомисленици и критичари на Путин, блиски луѓе на најголемиот критичар на Русија, Алексеј Навални

Руските власти уапсија двајца сојузници на притворениот политички противник во Кремљ, Алексеј Навални, изјави денес истакнат опозициски активист, додавајќи дека тие би можеле да се соочат со обвиненија за екстремизам што ќе доведе до издржување на долги затворски казни.

Во последните месеци, руските власти водеа кампања против групи блиски до Навални (45 г.), кој е познат како најгласниот критичар на претседателот, Владимир Путин. Тој во моментов издржува двегодишна затворска казна за прекршување на одредбите од условната казна изречена за време на судскиот процес за проневера, за кој тој истиот тврди дека е политички мотивиран.

Во јуни, рускиот суд пресуди дека антикорупциската фондација на Навални е „екстремистичка организација“.

Оттогаш, неговите сојузници се прегрупираа во нова мрежа на организации формирана за парламентарните избори во Русија во септември, а нивниот персонал исто така беше обвинет под истите обвиненија за екстремизам.

Денес државните истражители уапсија на сослушување поранешни шефови на провинциските изборни штабови во сибирските градови Томск и Иркутск, а јавноста за ова ја извести Леонид Волков, сојузник на Навални кој живее во егзил, на социјалната мрежа Телеграм.

Тој тврди дека властите се обиделе да ги убедат активистите, Ксенија Фадејева и Захар Сарапулов, да ја напуштат Русија, како и многу други неистомисленици, но тие одбиле да го направат тоа.

Истражната комисија, државниот орган задолжен за истрага на злосторствата и покренување обвиненија, не можеше веднаш да се контактира за да го коментира случајот, пренесуваат светските медиуми.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!