Вие имате прво да ја знаете вистината

САД и Русија го договорија датумот за преговорите околу безбедносните прашања

Официјални владини претставници на САД и Русија ќе учествуваат во безбедносните разговори закажани за 10 јануари следната година, во услови на растечки тензии околу прашањето за Украина, потврди извор од администрацијата на Бајден.

Многу е веројатно дека на 12 јануари ќе се одржат разговорите помеѓу НАТО Алијансата и Русија, а за на 13 јануари е договорен поширок состанок на кој ќе присуствуваат лица од Москва и Вашингтон, но и од некои други европски земји.

Русија, која го вознемири Западот со своите последни потези односно собирање војници во близина на границата со Украина, објави еден вид листа на „желби“ за безбедносни предлози за кои таа сака да преговара, вклучително и ветувањето дека НАТО нема да спроведува никакви воени активности во Источна Европа и Украина, односно во близина на границата со Русија.

Кога ќе седнеме и ќе разговараме, Русија може да ја изнесе својата загриженост, но ние ќе претставиме исто така кои руски активности нас не загрижуваат, изјави анонимниот извор од Советот за национална безбедност на Белата куќа, пренесуваат американските медиуми.

Изворот додаде дека без присуство на Украина нема да се донесе одлука за прашањето на таа држава.

Американскиот претседател, Џо Бајден, во понеделникот потпиша нацрт-закон со кој планира да обезбеди 300 милиони долари за поддршка на украинската војска. 

Владата на САД, која верува дека рускиот претседател, Владимир Путин, има намера да ја нападне Украина, се закани со брутални санкции доколку тоа се случи, но Русија ги оспорува таквите намери и ги коментира како дезинформации.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!