Вие имате прво да ја знаете вистината

Ситуацијата во англискиото фудбалско натпреварување алармантна! Рекорден број на заразени со вирусот Ковид-19

Раководството на елитното англиско фудбалско натпреварување, Чемпионшип, соопшти дека во периодот од 20 до 26 декември, дури 103 фудбалери од 20 клубови биле позитивни на новиот вид од вирусот Ковид-19, омикрон, што воедно преставува и апсолутен рекорд на заразени фудбалери.

Пред седум дена, 90 фудбалери биле позитивни на овој вид на вирусот, а управата на натпреварувањето соопшти дека направиле 15.186 тестови за вирусот Ковид-19 во последната недела.

Во Велика Британија, во изминатиот период се одложени 15 натпревари, а последен на листата е натпреварот кој што требаше да се одигра во рамките на 20. коло од Премиер лигата, помеѓу екипите на Арсенал и Вулвермптон, кој беше закажан да се одигра денес (вторник).

Во неделата три натпревари од рамките на 19. коло беа одложени, и тоа натпреварите помеѓу Ливерпул – Лидс, Вулверхемптон – Вотфорд и Барнли – Евертон.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!