Вие имате прво да ја знаете вистината

Тајната за убавиот изглед и завидната фигура на Никол Кидман: Јога или пластична хирургија !?

Неодамна се појави новиот филм на познатата холивудска актерка Никол Кидман, „Being the Ricardos“, а тоа беше и можност за 54-годишната актерка да ја добие насловната страница на зимското издание на магазинот „DuJour“.

Покрај интервјуто, Кидман направи и фотосесија, а со неколку фотографии ги почести и фановите на својот Инстаграм профил. По фотографиите сите веднаш ја забележаа нејзината фантастична фигура, а фаовите посебно ги погодија нејзините стомачни мускули. 

Зима е во Америка, а лето во Австралија. И официјално сум девојка на две хемисфери, стоеше во описот напишан од Кидман на фотографијата, заблагодарувајќи му се на списанието за соработката.

Трчам, возам велосипед, вежбам јога, правам што можам и каде можам. Различноста е најдоброто што сум го открила. Ако замислите дека секое утро ќе станувате и ќе трчате по неколку километри и така правите до крајот на животот, мора да знаете дека веројатно ќе ви здосади и дека ќе го исклучите алармот по седум дена, изјавила таа за магазинот и додаде:

Затоа се трудам да комбинирам се што знам – трчање, јога, дури и прошетки со сопругот, а сакам и да возам стационарен велосипед.

Сепак, има и такви кои не можат да поверуваат што направи актерката со пластичните операции на лицето и ја критикуваат за нејзинот изглед.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!