Вие имате прво да ја знаете вистината

ТикТок ја надмина конкуренцијата! Најпопуларна апликација за 2021 година, зад себе на листата ги остави Гугл и Фејзбук!

Според податоците објавени од Cloudflare, најпопуларна онлајн апликација за 2021 година е социјалната платформа, ТикТок, која успеа да го надмине дури и Гугл. 

Кинеска компанија, за прв пат се искачи на врвот на 17 февруари, но тогаш успеа таму само да преноќи. Слична беше ситуавијата и во март и мај, а во август платформата ТикТок успеа да го задржи првото место неколку дена. Големата доминација започна во октомври и ноември, а продолжи и во декември.

Патем, ТикТок е и најпопуларната социјална мрежа во 2021 година. Веднаш позади неа се наоѓа социјалната мрежа Фејзбук, а потоа следат Јутуб, Твитер и Инстаграм, а секако, на листата има место и за Снапчат и Редит. Во првите десет исто така се најдоа и Pinterest, Linkedln и Quora.

Кога станува збор за најпопуларните стриминг платформи за оваа година, убедливо во водство се Нетфликс и Јутуб пред сите останати.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!