Вие имате прво да ја знаете вистината

Франција без ограничувања за дочекот на Новата година: Дочек ќе има но потоа следуваат сериозни мерки

Франција нема да воведе полициски час за „најлудата“ ноќ односно новогодишната ноќ, на граѓаните ќе им биде дозволено слободно да слават, но од средината на јануари ќе ги заостри ограничувањата за невакцинираните лица на јавни места и затворените простории, најави францускиот премиер, Жан Катекс

По итен состанок на здравствените експерти, два дена откако беа пријавени рекордни 100.000 нови случаи на инфекција со вирусот Ковид-19, Жан Кастекс, објави серија на мерки за спречување на порастот на бројот на нови случаи со Ковид-19, како и мерки за спречување на ширењето на новиот вид на вирусот, омикрон.

Главните мерки вклучуваат предлог-закон за усвојување на Ковид-19 сертификатите, одобрен од Владата во понеделникот. На овој начин од 15 јануари ќе се заменат досегашните здравствени пропусници со Ковид-19 сертификати со кој ќе може да се влезе во ресторан, кафуле, културни установи и слични затворени простории.

Доколку парламентот го одобри законот, влезот на местата за кои е потребна пропусница ќе биде дозволен само со доказ за вакцинација, додека негативниот резултат од тестот повеќе нема да важи, изјави Катекс.

Во Франција, во моментот има околу пет милиони невакцинирани луѓе.

Другите ограничувања што ќе стапат на сила следниот понеделник вклучуваат ограничувања за големи собири, односно до 5.000 луѓе на отворено и до 2.000 луѓе во затворени простории. Ќе се забрани консумирањето на пијалоци и храна во јавниот превоз, кината и спортските објекти.

Премиерот исто така апелираше до граѓаните да добијат бустер доза на вакцината против вирусот. Временскиот интервал за третата доза беше намален од четири месеци на три месеци по примањето на втората доза.

Министерот за здравство, Оливие Веран, предупреди дека дневниот број на нови случаи инфицирани со Ковид-19 може да надмине бројка од 250.000 до почетокот на јануари.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!