Вие имате прво да ја знаете вистината

Хаос во Австралија: Лабораторијата дезинформирала 400 граѓани – им соопштила дека се негативни на Ковид-19, а тие всушност биле позитивни!

Главната австралиска лабораторија за тестирање на резлутати од вирусот Ковид-19, дезинформирала 400 граѓани на Божиќ – им соопштила дека се негативни на вирусот, а тие всушност биле позитивни.

Грешката ја направила лабораторијата на Сиднејската болница Св. Винсент. Ден потоа граѓаните биле известени дека добиле грешка информации за нивните тестови. Надлежните нагласија дека се уште утврдуваат поради кои причини се случило тоа.

Тие претпоставуваат дека тоа е последица на големиот притисок врз лабораторијата поради значителното зголемување на бројот на вирусно позитивни лица. Австралија забележа рекорден број позитивни резултати од почетокот на пандемијата овој период.

Само на Божиќ се пријавени повеќе од 10.000 луѓе позитивни на вирусот Ковид-19. Повеќето од нив се во државата Нов Јужен Велс, каде што се наоѓа споменатата лабораторија. Се смета дека повеќето заразени, се инфицирани со видот омикрон.

До 22 декември, 91 отсто од австралиското население над 16 години било вакцинирано со две дози од вакцината против вирусот. Највисока стапка на вакцинација помеѓу шесте австралиски држави е во Нов Јужен Велс.

Голем е бројот на оние кои се вакцинирани и со третата доза. Надлежните го скратија периодот за примање на третата доза по примањето на претходните две.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!