Вие имате прво да ја знаете вистината

Хрватска ги забранува пластичните кеси: Најкористениот тип за пазарење се забранува од 1 јануари, другите пластични кеси постепено ќе се повлекуваат

Хрватскиот министер за економија и одржлив развој Томислав Ќориќ изјави дека пластичните кеси со дебелина од 15 до 50 микрони повеќе нема да се користат од 1 јануари 2022 година, а другите видови пластични кеси постепено ќе се повлекуваат од употреба во наредниот период.

Во споменатата категорија на кеси кои се исфрлаат од употреба спаѓаат повеќето од оние кои секојдневно се користат при пазарење, пренесува Хина.

Ќориќ рече дека станува збор за мерка предвидена со Законот за управување со отпад, чија примена е одложена за да им се овозможи на производителите и дистрибутерите да се прилагодат.

Тој нагласи дека се промовира употребата на повеќекратни, односно платнени и хартиени кеси, додека најлонот, односно пластиката стана хрватска реалност во природата и дека сака на тоа да се стави крај.

– Во наредниот период како што одминува времето полека ќе се повлекуваат и другите видови кеси. Во моментов тоа не е случај, ова е првиот чекор, рече тој.

На прашањето кога другите пластични кеси ќе бидат надвор од употреба, тој рече дека целта е прво да заживее оваа мерка, а потоа ќе се насочи кон решение и за ултра лесните и за кесите за повеќекратна употреба.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!