Вие имате прво да ја знаете вистината

Црна Гора добива Агенција за сајбер безбедност

Нацрт-стратегијата за сајбер безбедност на Црна Гора во периодот од 2022 до 2026 година предвидува формирање на ново административно тело односно, Агенција за сајбер безбедност.

Планот е да се формира ново и одржливо тело за сајбер безбедноста на национално ниво.

Потврдата за оваа информација е дел од извештајот од Јавната расправа за нацрт-стратегијата за сајбер безбедност на Црна Гора во периодот од 2022 до 2026 година. Предлагачот на оаа нацрт-стратегија е Министерството за јавна администрација, дигитално општество и медиуми, по предлог од Американската стопанска комора во Црна Гора.

Се споменува дека со воведувањето на Агенција за сајбер безбеднос, Тимот за одговор на инциденти со компјутерска безбедност во сајбер-просторот на Црна Гора – CIRT, би престанал со работа т.е. би се споил заедно со Агенцијата. Но, не е прецизирано кои би биле надлежностите на Агенцијата, дали CIRT би се трансформирала во Агенција, или Агенцијата би била независна од CIRT, па затоа се предлага Нацрт-стратегијата да се измени во тој дел. Како и предлогот за начинот на финансирање на Агенцијата, со цел ИКТ заедницата и банкарскиот сектор навреме да се запознаат со евентуалното воведување нови обврски и трошоци во таа насока, се наведува во соопштението на американската Стопанска комора во Црна Гора.

Од Владата на Црна Гора одговорија дека Стратегијата предвидува потреба од формирање на ново тело односно Агенцијата, во која ќе биде вклучен и CIRT.

Во насока на постигнување на наведената оперативна цел, ќе се преземат придружни активности дефинирани преку Акцискиот план, кои ќе опфатат прецизирање на надлежностите, организациската структура и потребните буџетски средства за функционирање на новиот административен орган, соопшти црногорското Министерство за јавна администрација, дигитално општество и медиуми.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!