Вие имате прво да ја знаете вистината

Јелена Карлеуша јавно проговори за многу горчлива и осетлива тема. Таа јасно им порача: Доста е!

По многубројните застрашувачки сведоштва како дел од кампањата која се водеше на социјалните мрежи наречена „Не пријавив“ („NisamPrijavila“), се повеќе жени од соседна Србија ги откриваат начините на кои тие биле малтретирани и понижувани. Како и причините зошто тоа го премолчувале и никому не пријавиле за истото.

На сето ова не остана имуна ниту балканската дива, Јелена Карлеуша. Таа преку својот Инстаграм профил, испрати кратка, но многу силна порака за поддршка на сите балканки кои биле злоставувани на било каков начин.

Поддршка за сите жени на Балканот кои страдаат и молчат а воедно и се плашат. Насилството врз жените во семејството и во општеството е како дел од балканската култура, систем во кој е нормално жените да бидат злоупотребувани на различни начини и тие секогаш да молчат или да вртат глава. Доста е! Државата мора да направи се за да ги заштити жените, по примерот на многу организирани земји во Европа и светот, напиша Карлеуша во нејзината објава.

Таа доби многу пофални коментари, но и благодарност за изразената подршка и нејзиното јавно говорење на оваа тема.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!