Вие имате прво да ја знаете вистината

Бајден го потпиша највискиот воен буџет во историјата, за што се подготвува Америка?

Американскиот претседател Џо Бајден потпиша буџет од 777 милијарди долари за војската. На екстремно високиот буџет се спротивставија левичарските политичари и антивоените групи кои бараат што е можно помалку пари да се трошат за војската.

Буџетот беше потпишан на 27 декември, а откако беше поддржан на Конгресот. Белата куќа е благодарна што и Демократската и Републиканската партија го поддржаа буџетот.

Со одлуката на конгресменот за оваа намена се издвоени 24 милијарди долари повеќе, во споредба со сумата што ја предложи претседателот на САД. Белата куќа соопшти дека Бајден нема причина да се спротивстави на зголемувањето.

Последен пат најмногу пари за војската беа издвоени во последната година од претседателскиот мандат на Доналд Трамп – 740 милијарди долари. Сега тој буџет е многу поголем – 777 милијарди долари.

САД трошат убедливо најмногу за воени потреби, во споредба со сите други земји во светот. Воениот буџет на САД е три пати поголем од кинескиот. Најнаселената земја во светот има втор по големина воен буџет, пренесува Al Jazeera English.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!