Вие имате прво да ја знаете вистината

Бритни Спирс ги разочара фановите: Се уште не сум спремна да се вратам на музиката, се плашам од луѓето!

Бритни Спирс (40 г.) се уште не е подготвена да и се врати на музичката кариера по 13 години тортура од нејзиното семејство, таа смета дека не може да носи деловни одлуки и истакна дека е преплашена од шоу-бизнисот. Спирс, која минатиот месец беше ослободена од старателството на нејзиниот татко, во опширна објава на нејзиниот Инстаграм профил се изјасни дека во 2022 година сака да напредува и да прави работи што ја плашат, но не до тој степен.

Претпоставувам дека на повеќето им изгледа чудно што веќе не ни правам музика. Луѓето немаат поим какви ужасни работи ми направија мене лично. После се што поминав, се плашам од луѓето и од таа работа. Со тоа што не ги изведувам моите песни често велам: „Нека оди се во к****“. Во смисла дека занемарувањето на мојата вистинска работа е само од корист на моето семејство. Како потсвесно да им дозволив да победат, напиша Бритни која последен пат се појави во јавноста во октомври 2018 година.

Спирс, која е свршена со Сем Асгари, претходно оваа година се пожали на судијата задолжен за нејзиниот случај дека била контролирана од нејзиниот татко, кој донесувал деловни одлуки за неа. На Џејми Спирс му беше одземено старателството над Бритни во септември. Тој изјави дека неговата единствена цел била да и помогне на својата ќерка со цел да ја обнови нејзината кариера откако доживеа ментален слом во 2007 година и дека секогаш донесувал одлуки во нејзин најдобар интерес.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!