Вие имате прво да ја знаете вистината

Вака изгледа одморот на вториот најбогат човек на светот: На јахтата Не ги трга рацете од својата девојка

Основачот на Амазон, Џеф Безос ( 57) и неговата девојка, новинарката Лорен Санчез ( 52) деновиве уживаат на одмор со јахта во Сент Бартс, притоа не воздржувајќи се од размена на нежности.

Безос конечно дојде на своето па гордо покажува како се исплател неговиот повеќемесечен престој во теретана, а и неговата девојка ја користи секоја прилика да ја истакне својата привлечна фигура.

Тие двајца уживаа во дружењето со пријателите, а секој можен момент го поминуваа заедно. Така тие не се одвојуваа еден од друг ниту под туш кога Безоз внимателно проучуваше што прави неговата сакана, а таа на крајот му подари сочен бакнеж.

Безос, вториот најбогат човек на светот, веднаш по Илон Маск , во последно време негува поздрав начин на живот, па спие осум часа, се храни здраво и многу вежба. Неговото богатство се проценува на 210 милијарди долари.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!