Вие имате прво да ја знаете вистината

Винсент Касел како што досега не сте го виделе! Неговиот изглед сведочи за разликата во годините со неговата сопруга (фото)

Винсент Касел (55 г.) се наоѓа на една од многуте бразилски плажи со својата згодна сопруга, манекенката Тина Кунаки (24 г.), каде што заедно уживаат на одмор за време на празниците. На овие настани јавноста е веќе навикната, бидејќи славниот пар секој слободен момент го поминува на плажа. Но, овој пат ситуацијата е поинаква. На ова нејзино патување значително се забележуваат годините и староста на лицето на познатиот актер.

Некогаш убава темна коса, а денес целосно побелена, а покрај белата коса, актерот пуштил и целосно бела брада. Некогаш затегнатото тело на Касел сега е само негов сон, а намуртениот поглед кон помладите мажи кои му ја гледаат сопругата е сведок дека и самиот актер е свесен за разликата во годините помеѓу нив.

И додека тој мрачно и под око ги гледаше минувачите кој ја гледаа неговата поубава половина, младата Тина гордо чекореше по плажата во дводелен костим за капење кој го откриваше нејзиното совршено тело.

Двојката со актерот се венчаше во 2018 година, а следната, 2019 година ја добија и својата ќерка. Пред Тина, Винсент беше во брак со убавата Моника Белучи, со која има две ќерки.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!