Вие имате прво да ја знаете вистината

Во Франција на една секунда се заразуваат две лица со вирусот Ковид-19, министерката за здраство порача, ова не е бран ова е цунами на пандемијата!

Во последните 24 часа, регистрирани се 208.000 луѓе заразени со вирусот Ковид-19 во Франција врз основа на направените тестови, соопшти во денес француската министерка за здравство, Оливија Веран. Така беше поставен уште еден црн рекорд од почетокот на пандемијата до денес.

Таа оцени дека веќе не треба да се зборува за бранот на нови пациенти, туку за вистинско цунами на пандемијата.

Во државата секоја секунда се заразуваат повеќе од две лица, изјави министерката.

Веран, исто така, процени дека 10 отсто од населението во моментов може да се сметаат дека имало контакт со некое од заразените лица.

Се проценува дека во моментов има повеќе од милион случаи активни на вирусот Ковид-19 во Франција, а државата има 67 милиони жители.

Интересно е што 53 милиони луѓе од вкупното население се вакцинирани со две дози во Франција, што претставува повеќе од 91 отсто од луѓето над 12 години.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!