Вие имате прво да ја знаете вистината

Во Франција 208.000 заразени, министерот тврди: „Грипот дополнително ќе ја искомплицира ситуацијата“

Во Франција во последните 24 часа се потврдени 208.000 случаи на заболени од Ковид-19, што е национален и европски рекорд, изјави францускиот министер за здравство Оливие Веран пред француските пратеници.

Веран рече дека во просек секои две секунди по еден Французин станува позитивен на Ковид-19.

Состојбата во болниците е загрижувачка поради варијантата делта, рече тој, додека бранот на омикрон се уште се очекува. Грипот дополнително ќе ја усложни ситуацијата во болниците, додаде тој.

Еден ден претходно, Франција забележа речиси 180.000 случаи на инфекција со Ковид-19, што беше рекорд за која било европска земја.

Според податоците на „Our World“, 72,9 отсто од Французите биле целосно вакцинирани, додека 78 отсто примиле најмалку една доза.

Глобалната инфекција со Ковид-19 урива рекорди во последните седум дена, покажаа податоците на Ројтерс.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!