Вие имате прво да ја знаете вистината

Вучиќ: Нова помош од 100 евра за лицаta од 16 до 30 години

Мерката ќе важи за младите од 16 до 30 години кои веќе на 1 февруари ќе добијат 100 евра.

Вучиќ објасни дека парите ќе ги добијат сите кои имаат 16 години или помалку од 30 години.

„Тоа е многу добра вест, брзо ќе ја реализираме, а тоа е нашата поддршка за младите“, посочи Вучиќ.

Тој рече дека младите ќе можат да се пријават за таа помош од 15 до 30 јануари и да добијат пари веќе од 1 февруари.

Вучиќ додаде дека здравствените работници на 15 јануари ќе добијат еднократна помош од 10.000 динари, потоа на 1 февруари младите од 16 до 30 години 100 евра во противвредност на динари, а на 10 февруари сите пензионери ќе добијат помош од 20.000 динари.

Тоа е голема помош од вкупно околу 2,9 милиони луѓе, нагласи Вучиќ.

Тој посочи дека тоа може да се постигне благодарение на добрата состојба на јавните финансии.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!