Вие имате прво да ја знаете вистината

Голема инфлација во Австрија: Граѓаните се соочуваат со повисока цена на електричната енергија, прехрабените производи и многу други основни работи!

Следната година ќе започне со нови поскапувања за граѓаните во Австрија, пред се на енергетиката.

Така од јануари струјата на истокот од оваа држава ќе поскапи за околу 12 евра месечно.

Но, исто така ќе поскапи и млекото, колбасите и другите секојдневни намирници.

Во јануари и февруари сигурно ќе забележиме пораст на инфлацијата од пет отсто. По оваа година, во следната инфлацијата ќе порасне од 2,8 отсто во просек на 20 отсто во 2022 година, проценува експерт од Економскиот институт Вифо, Јозеф Баумгартнер.

Тој посочува дека изворите на енергија, односно струјата и гасот, ќе ја стимулираат инфлацијата до 2023 година. Исто така, горивото ќе поскапи поради воведувањето на дополнителниот данок за CO2, па цените на сите видови горива ќе бидат повисоки за 10 центи по литар.

Од почетокот на годинава ДДВ-то во угостителството и хотелиерството се врати на нормалното ниво од просечни 13 отсто, од сегашните пет отсто. Имено, поради вирусот Ковид-19, ДДВ-то на овој сектор е намалено како мерка за помош за опстанок, а враќањето на ДДВ на старото ниво ќе ја зголеми инфлацијата за 0,4 отсто.

Дополнително со тоа намирниците ќе поскапат во просек за 2,8 отсто. А тоа значи дека ќе се поскапи лебот, но и млекото како и другите прехрамбени намирници. Цената на млекото се проценува дека може да биде висока и до 10 центи за еден литар.

Но, повисоки цени се очекуваат и за електронските уреди како и за мебелот, бидејќи во 2022 година ќе има проблеми со испораката и повисоки транспортни трошоци.

Кириите во Австрија исто така ќе продолжат да растат. Со новите договори станоиздавачите добиваат можност да го приспособат имотот на стапката на инфлација на месечно ниво. За старите згради на почетокот на годината е најавено зголемување на закупнината за пет отсто, а од април за 5,7 отсто.

Од следната година претплатата за јавниот сервис се зголемува за осум отсто, што е за 18,59 евра повеќе годишно.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!