Вие имате прво да ја знаете вистината

Запленети 139 килограми марихуана на ГП Дојран

Мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги при Царинската управа вчера спречија обид за криумчарење на 139 килограми марихуана.

Како што информира Царинската управа, дрогата е пронајдена на ГП „Дојран“ при вршење детална царинска контрола на товарно моторно возило пријавено за излез од државава.

Дрогата е запленета, а по собирање на доказите и утврдување на сите околности за настанот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава против осомничениот по член 215 од Кривичниот закон. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!