Вие имате прво да ја знаете вистината

За Свети Василије Острошки се врзуваат многу чуда. Неговото тело се нема распаднато 300 години, а сите што го посетат местото излегуваат здрави и со чиста душа!

Свети Василиј Острошки е роден на денешен ден во далечната 1610 година.

Свети Василије Острошки е роден на денешен ден во 1610 година како Стојан Јовановиќ во селото Мркоњиќи во Поповополе.

Василиј е ракоположен во манастирот Успение на Пресвета Богородица. А додека во манастирот Тврдош кај Требиње бил избран и за захумлески и скендериски епископ.

Кога Турците го уништиле Тврдош, Василије се преселил во манастирот Острог во Црна Гора, во близина на денешен Даниловград.

Неговите чудотворни сили и неговиот гроб преживеале и покрај турбулентните времиња. Во православниот свет Свети Василиј Острошки е голем чудотворец чии чудотворни дела се познати и надвор од границите на Србија и СПЦ.

Неговото свето тело целосно почива во Острог, не е подложен на законот на распаѓање, повеќе од 300 години. Црквата во која лежат моштите на светецот Острог е исполнета со пријатен мирис, кој го восхитува секој верник.

Тоа што телото на овој голем светител не се распаѓа е феномен сам по себе, кој христијаните го нарекуваат чудо. Оваа појава ја објаснуваат со светото житие на светецот Острошки. А животот на Свети Василиј бил навистина живот поврзан со Бога и живот создаден од Христос.

Денес Острог е манастир а воедно и своевидна бања на исцелување, каде што многу болни, изнемоштени, згрчени и „луди“ луѓе ја наоѓаат Божјата милост и од каде си заминуваат дома здрави и со здраво тело и чиста душа. Различните чуда не можат да се избројат, а се верува дека истите се должат на Свети Василиј.

Без разлика дали се православни, католици, муслимани или протестанти, сите бараат утеха од моќта на светецот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!