Вие имате прво да ја знаете вистината

Илон Маск продаде уште една милијарда од акциите на неговата компанија Тесла!

Извршниот директор на компанијата Тесла, Илон Маск, продаде уште 934.090 акции, или конкретно во пари околу 1,02 милијарди долари акции од компанијата за електрични автомобили и неговата компанија за соларна енергија, покажуваат финансиските податоци објавени доцна синоќа на Волстрит.

Во исто време, Маск ги искористи опциите за купување на скоро 1,6 милиони акции на Тесла по фиксна цена од 6,24 долари по акција, кои му беа доделени како компензација во пакетот за компензација од 2012 година, бидејќи тој лично не добива плати и парични бонуси.

Користејќи ги овие опции, кои истекуваат следната година, Маск го зголеми својот удел во компанијата Тесла овој квартал од околу 170,5 милиони акции на повеќе од 177 милиони акции, објави Wall Street Journal.

Првиот човек на Тесла почна да продава акции на 8 ноември, делумно за да ја подмири даночната сметка што го следи врз основа на повеќе опции.

На почетокот на ноември, Маск анкетираше милиони свои следбеници на социјалната мрежа Твитер, прашувајќи ги дали да продадат 10 отсто од акциите на Тесла. Многумина од неговите следбеници гласаа за. Според некои проценки, Маск има уште повеќе од милион акции за продажба од планираните околу 17 милиони акции, со цел да се постигне целното отуѓување на 10 отсто од сопственички удел.

Но, голем дел од продажбата што следеше по забавната анкета на социјалната мрежа Твитер, беше дел од планот што Маск го обајви во септември оваа година, знаејќи дека ќе подмири значителна даночна обврска со овие чекори.

Неодамна на социјалната мрежа Твитер тој објави дека ќе го плати највисокиот данок во историјата на САД, во износ од над 11 милијарди долари.

Годинава акциите на компанијата Тесла пораснаа за повеќе од 54 отсто, со што Маск стана најбогат човек во светот. Според проценките на култниот магазин Форбс, неговото нето богатство сега надминува 275 милијарди долари, врз основа на сопственичкиот удел во компанијата Тесла и неговата вселенска компанија SpaceX.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!