Вие имате прво да ја знаете вистината

Каква мајка таква ќерка! Еве кој е главниот виновник за убавината на сопругата на Харис Џиновиќ! Мелина и нејзината мајка се вистински убавици (фото)

Балканската јавност добро е запозната дека пејачот, Харис Џиновиќ, има многу убава сопруга, Мелина, која е три децении помлада од него, а нивната љубов трае веќе 14 години.

Ниту една убавина не доаѓа случајно, па за атрактивноста на Мелина главен виновник е нејзината мајка, Елма Галиќ.

Елма, која живее на Бихаќ, каде што е и родена Мелина, како и нејзината ќерка, многу се грижи за својот изглед, а изгледа и многу младо.

Улогата на свекрва за Харис Џиновиќ ја презеде во 2014 година, кога пејачот и убавицата ја крунисаа својата 11-годишна врска.

Разликата во години помеѓу Харис и Мелина беше проблематична за родителите на Мелина кои беа експлицитно против нивната љубов.

Во почетокот нејзините родители имаа страшен отпор. Особено поради големата разлика во годините, изјави еднаш Харис во едно негово интервју и откри дека на Мелина и било многу тешко, па додаде:

Се сеќавам дека и реков: Брзо ќе помине! Ќе видиш, кога ќе дознаат дека си бремена, се ќе биде поинаку! Баш така беше. Сега се луди од среќа што добија внука, открива тој, нагласувајќи дека родителите на неговата сопруга конечно тогаш го прифатиле.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!