Вие имате прво да ја знаете вистината

Кога народот е бесен, го нападнаа премиерот со топки снег пред да влезе во црквата (видео)

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ дојде во Петриња по повод една година од разорниот земјотрес што го погоди тој град. Него го пречекаа неколку стотици граѓани незадоволни од темпото на обнова на уништените куќи, свиркајќи му и фрлајќи со топки од снег по него.

Хрватскиот премиер се упати кон црквата Свети Ловре, каде се служеше миса за настраданите од земјотресот. Пред црквата се собраа незадоволни граѓани кои му свиркаа на Пленковиќ извикувајќи „Сакаме обнова“.

Еден од незадоволните граѓани фрлил снежна топка кон хрватскиот премиер, но не го погодил.

Пленковиќ подоцна, видно нерасположен, изјави дека „тоа го разбира“. Тој додаде дека „реконструкцијата е во тек“ и дека таа ќе биде забрзана.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!