Вие имате прво да ја знаете вистината

Концентрациите на ПМ10 честички во Скопје и Струмица паднаа под прагот на алармирање

Средните дневните концентрации на ПМ10 честички во воздухот во текот на вчерашниот ден беа под дефинираниот праг на алармирање од 150 микрограми на кубен метар на мерните места во Скопје – Центар, Гази Баба, Лисиче и Ректорати, како и во Струмица, покажуваат податоците на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздухот (ДАМСКВ).

Со ова, како што информира Министерството за животна средина и просторно планирање, со ова по два дена алармантно високо ниво на концентрации на ПМ10 честички  на овие пет мерни места, тоа падна под дефинираниот праг на алармирање. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!