Вие имате прво да ја знаете вистината

Косово прогласи вонредна состојба пореди енергетската криза! Одлуката предвидува формирање на Итна техничка комисија!

Во повеќедневниот обид да се воведе вонредна состојба во енергетскиот сектор, владата на Косово денес конечно успеа. Со 57 гласа за, 17 воздржани и ниту еден против одлуката беше усвоена и стапува на сила.

Според тамошните медиуми во Приштина, рестрикциите за електрична енергија сега ќе станат законски и ќе можат да се применуваат задолжително во следните 60 дена.

Вонредните мерки ќе важат најмногу 60 дена, а опфаќаат воведување ограничувања во снабдувањето на потрошувањето со енергија и наметнување посебни обврски за енергетските компании, се наведува во одлуката.

Собранието има услов со кој може да ги продолжи мерките за уште 30 дена.

Одлуката предвидува формирање на Итна техничка комисија со цел утврдување и поднесување препораки до министерот за економија. Оваа комисија има за задача да препорача спроведување на мерки за справување со негативните ефекти од економската криза. По препораките, Министерството треба да објави задолжителни рестриктивни мерки, јавуваат медиумите.

Косово во моментов се соочува со енергетска криза, која веќе беше опишана од неколку официјални лица како најголемиот проблем со кој Косово се соочил од крајот на војната.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!