Вие имате прво да ја знаете вистината

Крваво во Газа: Ранет израелски цивил, војската одговори со тенковски оган!

Израелски цивил е ранет од куршум испукан во близина на границата на Појасот Газа, соопшти израелската армија, одговарајќи со тенковски оган.

Според зборовите на израелецот, задолжен за одржување на неодамна завршената безбедносна ограда што го дели Израел од палестинската енклава, цивилот се здобил со полесни повреди на ногата и бил пренесен во болница.

Армијата им нареди на земјоделците да не се приближуваат до границата со Газа до понатамошно известување, објавија израелските медиуми.

Палестинските медиуми објавија дека израелски тенкови гаѓале неколку контролни пунктови на Хамас кои владеат со Газа, на север од таа територија, што армијата на Израел и го потврди.

Министерството за здравство во Газа соопшти дека тројца палестинци се ранети.

Инцидентот се случи во релативно мирно време и во услови на интензивни напори да се постигне стабилен долгорочен прекин на огнот меѓу исламските екстремисти на Хамас и Израел, по 11-дневната војна во мај.

На инцидентот му претходеше средба меѓу палестинскиот претседател Махмуд Абас и израелскиот министер за одбрана Бени Ганц во куќата на Бенц во предградието на Тел Авив.

Тоа беше првиот разговор на Абас со висок израелски функционер во Израел по повеќе од една деценија.

Хамас, кој во својата повелба повикува на уништување на Израел, го осуди Абас за таа средба, нарекувајќи ја средбата „нож во грб“.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!