Вие имате прво да ја знаете вистината

Лидерот на руската ЛДП: Руската инвазија и напад на Украина треба да се случи на новогодишната ноќ, помеѓу четири и пет часот наутро кога сите се пијани!

Лидерот на Либерално-демократската партија на Русија и пратеник во собранието, Владимир Жириновски (75 г.) преку програмата на Првата државна телевизија во Русија предложи за време на новогодишната ноќ руската армија да војува против Украина и Западот, односно токму тогаш да ја објави инвазијата на Украина.

Контроверзниот Жириновски изјави дека треба да се нападне помеѓу четири и пет часот наутро кога луѓето се веќе сите пијани.

Да сум претседател ќе и дадов таква команда на армијата, потенцирапе Жириновски, и додаде, не е потребно да се бомбардира се, туку само избрани цели. Некои треба да бидат казнети, а некои да се исплашат.

Иако повеќето руски граѓани одамна не го сфаќаат сериозно Жириновски, тој деновиве се уште е гостин на водечките московски државни канали. Жириновски верува дека со својата запалива реторика може да го подобри својот рејтинг кој постојано паѓа. Тој неодамна предложи Русија да ја преземе и припои Украина и дека така САД не можат да се спротивстават на тоа.

Претседателот, Владимир Путин и највисокото раководство на Русија не ги сфаќаат сериозно предлозите на Жириновски, но сметаат дека проблемот со Донбас треба да се реши по мирен пат, преку преговори. 

Путин во изминатите денови постојано дава изјави дека Русија нема намера да ја нападне Украина. Руската армија ќе реагира само доколку раководството во Киев реши да спроведе Блицкриг на Донбас. 

Оние кои ја подгреваат атмосферата на неизбежноста од војната, често повторуваат дека НАТО не е способен да се бори против зајакнатата руска армија. Некои пензионирани руски полковници објаснуваат дека НАТО се плаши од Русија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!