Вие имате прво да ја знаете вистината

Мексико ќе прекине со извоз на нафта: Предност домашниот пазар!

Мексико планира да го прекине извозот на сурова нафта во 2023 година како дел од стратегијата на владата на премиерот, Андрес Мануел Лопез Обрадор, со цел да постигне самодоволност на домашниот пазар на гориво.

Компанијата, Petroleos Mexicanos, државен производител на нафта попознат како Pemex, ќе го намали извозот на сурова нафта на 435.000 барели дневно во 2022 година, пред постепено да ја прекине продажбата во странство на клиентите следната година, изјави извршниот директор Октавио Ромеро на денешната прес-конференција во Мексико Сити.

Овој потег е дел од напорите на Лопез Обрадор, да го зголеми домашното производство на гориво наместо Мексико да ја испраќа својата нафта во странство и да увезува скапи рафинирани производи, како што се бензинот и дизелот. Мексико во моментов го купува најголемиот дел од горивото што го троши од американските рафинерии. Доколку се оствари ветувањето на Pemex, тоа ќе го означи повлекувањето на Мексико од меѓународниот пазар на нафта. Еден од најистакнатите играчи во изминатите децении.

На својот врв во 2004 година, Pemex извезуваше речиси 1,9 милиони барели нафта дневно во рафинериите во Јапонија, Индија и учествуваше како набљудувач на состаноците на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК). Според Pemex, компанијата минатиот месец продавала нешто повеќе од милион барели нафта дневно во странство.

Намалувањето на извозот ќе се одвива паралелно со зголемувањето на домашното рафинирање на сурова нафта од страна на Pemex, кое ќе достигне 1,51 милиони барели дневно во 2022 година и 2,0 милиони барели дневно во 2023 година, изјави Ромеро. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!