Вие имате прво да ја знаете вистината

На Црна Гора и се заканува целосен карантин: Владата размислува за затварање на сите угостителски објекти!

Министерството за здравство и Институтот  за јавно здравје на Црна Гора ќе и предложат на Владата строги мерки во борбата против пандемијата со вирусот Ковид-10, јавуваат тамошните медиуми.

Од утре до 12 јануари ќе се предложи забрана за работа на сите ресторани, кафулиња, кафетерии и слични угостителски објекти. Дополнително, лекарите бараат, покрај потврдата за вакцинација или прележување на вирусот, да биде потребен и задолжителен негативен ПЦР или брз антигенски тест за влез во Црна Гора.

Денеска ќе се одржи седница на Влада, а потоа ќе се одржи седница на Советот за борба против вирусот Ковид-19 со која раководи премиерот, Здравко Кривокапиќ и ќе бидат донесени нови мерки за заштита.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!