Вие имате прво да ја знаете вистината

Невиден хаос во парламентот на Јордан! Масовна тепачка поради уставните промени за родова еднаквост (видео)

Членовите на јорданскиот парламент се степаа во живо додека на телевизија беше пренесувана дебатата за уставните реформи, вклучувајќи го и прашањето за родовата еднаквост, што доведе до прекин на седницата.

Избувна вистински хаос и жестока дискусија помеѓу пратениците и претседателот на парламентот Абделкарим ел Дагми.

Причината беше амандманот со кој се додава заменки за женскиот род за граѓаните на Јордан во поглавјето од уставот кое гарантира еднакви права на сите граѓани.

Неколку пратеници жестоко се спротивставија на амандманот како нарекувајќи го како „некорисен“ и „безпотребен“.

Претседателот на парламентот, Дагми, ја напушти салата, а седницата ќе продолжи денес.

Уставот на ова кралство е усвоен уште во 1952 година а до сега бил менуван 29 пати, при што, според експертите, овластувањата на монархот биле зголемени за сметка на законодавната власт.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!