Вие имате прво да ја знаете вистината

Новак Ѓоковиќ е прогласен за најдобар спортист во светот за 2021 година!

Истакнатиот француски весник L’Equipe го прогласи Новак Ѓоковиќ за најдобар спортист во светот за 2021 година.

Првиот тенисер во светот минатата сезона освои три Гренд слем турнири (Австралија опен, Ролан Гарос, Вимблдон), додека во финалето на УС Опен загуби од рускиот тенисер, Данило Медведев.

Најголеми ривали на Ѓоковиќ во борбата за оваа престижна награда беа американскиот пливач Калеб Дресел, кој освои пет златни медали на Олимписките игри во Токио и словенечкиот велосипедист, Тадеј Погарац, актуелниот шампион на Тур де Франс.

За најдобра спортистка е прогласена Јамајканската атлетичарка, Елејн Томпсон Ера, која на Олимписките игри во Токио освои три златни медали во дисциплините за спринт – 100 метри, 200 метри и штафетата 4х100 метри.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!