Вие имате прво да ја знаете вистината

Одобрено обвинението против седум лица за нелегална набавка на софтвер

Основниот кривичен суд Скопје денеска информира дека обвинението против седум лица за нелегална набавка на софтвер и перење пари поднесен од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција на 08.10.2021 година, е оценет и одобрен во целост од страна на Советот за оценка на обвинител акт.

Како што е наведено во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје, обвинителниот акт со КО бр. 35/21 против Д.Р. обвинет за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“ и против И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. обвинети за „злоупотреба на службена положба и овластување“ од КЗ, што по жалба на одбраната на решение за определување привремени мерки за обезбедување имот на 18.10.2021 година беше испратен на надлежно одлучување во Апелациониот суд – Скопје, по враќање на предметот кај Советот за оценка на обвинител акт, донесено е решение со кое обвинението се одобрува во целост.

По вака одобреното обвинение, како што посочуваат од Судот, оформен е кривично – правен предмет со КОК бр. 164/21 за кој откако, согласно АКМИС – системот, ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија и ќе биде насрочена главна расправа, странките и јавноста ќе бидат благовремено известени. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!