Вие имате прво да ја знаете вистината

Под статуата на контроверзниот генерал пронајдена временска капсула: „Еве што најдовме во кутијата“

Тим конзерватори во американската сојузна држава Вирџинија отвориja временска капсула која содржи сувенири на Конфедерацијата за кои се верува дека се стари повеќе од 130 години, пишува Би-Би-Си. Кутијата содржела весници, книги и муниција од Американската граѓанска војна.

Работниците ја открија капсулата додека ја отстрануваа статуата на конфедералниот генерал Роберт Е. Ли.

Гувернерот на Вирџинија Ралф Нортам нареди статуата да се отстрани во септември по протестите што ги зафатија Соединетите држави по убиството на Џорџ Флојд.

Ли е контроверзна личност во САД. Додека некои ги слават неговите споменици како „симболи на јужната гордост“, многумина ги гледаат како секојдневни потсетници за историјата на расизмот на Америка.

Записите што ги чува Библиотеката во Вирџинија покажуваат дека кутијата била закопана во 1877 година и дека локалните жители ставиле околу 60 предмети во контејнерот.

Главниот конзерватор на Одделот за историски ресурси на Вирџинија, Кејт Ридгвеј, рече дека содржината и дизајнот на кутијата се совпаѓаат со историските записи. Таа додаде дека содржината, иако влажна, била во подобра состојба од очекуваното.

Временската капсула содржела многу предмети од ерата на Граѓанската војна, вклучително и знаме на Конфедерацијата, наводно направено од дрво што израснало над оригиналната гробница на познатиот сепаратист, генералот Стоунвол Џексон, топчести куршуми користени во Граѓанската војна и карта на градот Ричмонд.

На почетокот на овој месец, на местото беше пронајдена помала кутија и се покажа дека станува збор за неофицијален споменик подигнат од луѓе кои изградиле делови од статуата. Исто така, некои историски записи доведоа до шпекулации дека кутијата може да содржи ретка фотографија од покојниот претседател Абрахам Линколн.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!