Вие имате прво да ја знаете вистината

Пука мразот, на Алјаска измерени 19,4 степени, најтопал Божик во историјата, до 2060 година ќе биде хаос!?

Алјаска забележа рекорден пораст на дневните температури минатиот викенд, при што температурите во заедницата Кодијак достигнаа 19,4 степени, пишува The Guardian.

Научникот Рик Томан од Центарот за проценка на климата во Алјаска ова зголемување го нарече апсурдно. Во останатите делови измерени се 13,3, 16,6 и 18,3 степени Целзиусови, што значи дека ова е најтоплиот Божиќ на Алјаска досега.

Томан вели дека Алјаска ќе продолжи да ги одржува температурите на ниско ниво, но зголемувањето на температурите / топлотниот удар ќе бидат позастапени во иднина.

„Глобалното затоплување остава последици, сè почесто сме сведоци на високи температури кои се невообичаени за овој дел од светот, очекуваме да продолжи да расте во иднина“, вели тој.

Студијата објавена минатиот месец во списанието Nature Communications предвидува дека веќе во 2060 година на Алјаска ќе има повеќе дожд отколку снег и дека климатските промени веќе го отежнуваат животот на луѓето и животните во овој дел од светот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!