Вие имате прво да ја знаете вистината

Русија верува дека на крајот проектот Северен тек 2 ќе добие решение за работа и ќе започне со истата

Русија верува, дека гасоводот, Северен тек 2, ќе ја добие потребната сертификација и дека после се ќе почне да работи, изјави денеска рускиот вицепремиер, Александар Новак.

Изградбата на гасоводот, кој оди од Русија до Германија на дното на Балтичкото Море и ја заобиколува Украина, беше завршена во септември, но е во мирување и чека одобрување за работа од регулаторите во Берлин и Брисел.

Проектот станува сè повеќе политизиран поради растечките тензии помеѓу Русија и Западот, кој веруваат и стравуваат дека Москва може да ја нападне Украина за да ја спречи да воспостави блиски врски со НАТО. Но, Русија упорно ги негира таквите планови.

Потсетуваме, германскиот министер за економија, Роберт Хабек, изјави дека проектот на гасоводот Северен тек 2 е голема грешка во геополитичка смисла, но и дека Германија го блокираше контроверзниот гасовод во средината на ноември.

Извршниот директор на украинската државна енергетска компанија, Нафтогас, минатиот месец изјави дека се надева дека гасоводот Северен тек 2 нема да биде вклучен, велејќи дека тоа не е во согласност со европските закони. Се очекува сертификацијата да биде завршена најдоцна до крајот на првата половина на следната година.

Новак, исто така, изјави дека Русија е подготвена да го зголеми извозот на гас во Европа, каде што цените на гасот скокнаа поради зголемената побарувачка и недостатокот на понуда, но со долгорочни договори, аранжман што досега го избегнуваа европските компании во корист на краткорочни спотови.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!