Вие имате прво да ја знаете вистината

Црвен аларм и во Турција, бројката на ново заразени со Ковид-19 денес надмина над 30.000 случаи!

Дневниот број на ново заразени случаи со вирусот Ковид-19 во Турција денеска ја надмина бројката од 30.000, за првпат од 19 октомври, а министерот за здравство, Фахретин Коџа, предупреди на зголемување на бројот на случаи поради зголемените инфекции на пациентите со видот омикрон.

Турција денес регистрирала 32.176 заразени, а животот го изгубиле 184 луѓе како последица на вирусот, соопшти Министерството за здравство.

Донесувањето дневниот број на случаи на ниво од 20.000 во последните недели беше сериозно достигнување. Поради брзото ширење на видот омикрон, може да се види дека сега влегуваме во тренд на раст, наведе Коџа на својот Твитер профил и ги повика сонародниците да се вакцинираат а со тоа да се заштитат од вирусот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!