Вие имате прво да ја знаете вистината

Црногорците во новата година влегуваат со минималец од 450 евра: Почнуваме со повисоки плати и повеќе правда, порача Абазовиќ

Црногорското Собрание денеска ги усвои измените на Законот за работни односи, според кои минималната плата во Црна Гора е зголемена на 450 евра од јануари 2022 година.

За оваа одлука гласаа 77 пратеници – 50 беа „за“, а 27 воздржани. Овој закон е дел од програмата „Европа сега“.

Собранието утврди итноста законот да стапи во сила со денот на објавувањето во Службен весник.

По повод оваа одлука, Дритан Абазовиќ, вицепремиер на Црна Гора, напиша на Твитер:

Како што најавивме претходно, во Новата година влегуваме со повисоки плати и повеќе правда!Не се сеќавам на моментот кога секој работник во Црна Гора беше среќен.Денес е тој ден.Убеден сум дека постапуваме правилно.Навистина, може граѓанска, европска и еколошка Црна Гора!“, напиша Абазовиќ.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!