Шеиците влегуваат во Интер, на маса ќе стават една милијарда долари, Бин Салман нема да штеди пари!?
Актуелниот шампион на Италија, Интер ќе добие нов сопственик во 2022 година, а клубот од Милано наводно ќе го купи ПИФ (Фонд за јавни инвестиции), кој е под контрола на саудискиот принц Мохамед бин Салман, за една милијарда долари.
Оваа информација ја објави специјализираниот бизнис портал International Business Times, а наведуваат дека Инвестицискиот фонд од Саудиска Арабија ќе го купи Интер за милијарда долари и со тоа ќе стане мнозински сопственик на акции.
Очигледно, тоа значи дека Интер во иднина ќе стане еден од економски најмоќните клубови во светот и ќе биде рамо до рамо со ПСЖ и Манчестер Сити, фудбалски клубови управувани од богати шеици од Катар и Обединетите Арапски Емирати.
Преговарачката група на оваа компанија со месеци работи на купување на Интер од кинеската групација Сунинг. Веќе неколку месеци луѓе блиски до Салман собираат документација и прават калкулации за инвестирање во Интер.
Нероаѕурите во последните години имаа многу финансиски проблеми. Поради недостиг на средства, тренерот Антонио Конте го напушти тимот во текот на летото, а најголемата ѕвезда Ромелу Лукаку беше продадена за рекордна сума. Од клубот си замина и Хакими и на тој начин тие заработија 200 милиони евра.
Сепак, за нивна среќа на клупата го доведоа одличниот Симоне Инзаги, а со него дојде и Един Џеко, па на крајот од 2021 година Интер е лидер во Серија А со четири бода повеќе од Милан и обезбеди пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Се наведува дека арапските сопственици пред се гледаат на можна инвестиција во новиот стадион на Интер, но и дека иднината ја гледаат во италијанскиот фудбал, кој по англискиот премиершип е најпопуларен во Европа.