Џенифер Лопез е дефинитино една од главните теми во светот на Холивуд во текот на целата година. Делумно поради новите филмови што ги сними, а најмногу поради обновената врска со актерот Бен Афлек.
Таа полека но сигурно влегува во шестата деценија од животот, изгледа одлично, но често е мета на критики поради наводното објавување обработени фотографии на социјалните мрежи. Пејачката и актерка реши на сите да им даде до знаење како изгледа без шминка и да стави точка на овие критики.
Џенифер на социјалните мрежи објави видео на кое е целосно без шминка. Видеото предизвика различни реакции. Сепак, таа доби различни коментари, некои беа воодушевени бидејќи објави видео без шминка и покажа дека личи како секоја обична жена, додека други коментираа дека таа не ни личи на личност која ја прикажива на Инстаграм.
Жената има над 50 години и изгледа подобро од повеќето девојки со и без шминка, Вака изгледа негувана жена, беа само дел од коментарите оставени под видеото.