Вие имате прво да ја знаете вистината

АД ЕСМ: РЕК Битола нема да се затвори

Најостро ги осудуваме инсинуациите за затворање на РЕК Битола кои подолго време.во јавноста ги споделува ВМРО-ДПМНЕ, соопшти АД ЕСМ.

– РЕК Битола ќе продолжи да работи без разлика на енергенсот што ќе го користи за производство на струја. Јагленот ќе се користи за производство на струја се додека струјата произведена од јаглен е економски исплатлива. Најголема потврда за тоа е набавката во вредност од 17,5 милиони евра на дел од потребаната механизација за ископ што АД ЕСМ ја реализира годинава, а за следната година планира нова набавка со која ќе може да се врши ископ на јаглен и од наоѓалиштето во Живојно, се наведува во реакцијата од ЕСМ на денешната изајава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски.

Од ЕСМ иниформираат дека паралелно со овие активности, се одвива процесот на трансформација кон обновливи избори на енергија и тоа, како што се наведува, на никаков начин не го загрозува опстанокот на РЕК Битола.

– Во услови на енергетска криза, кога речиси и да нема земја во Европа и регионот која не е погодена од новонастанатата ситуација, АД ЕСМ ги презема сите неопходни чекори за оптимизација на работата, согласно законските можности кои ги има на располагање. Политичко етикетирање на вработените во компанијата и комбинатот и нивна поделба на подобни и неподобни никој досега ниту помислил, ниту направил. Сметаме дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е првиот и единствениот кој политички ги етикетира вработените во компанијата и во комбинатот, со што ги поткопува напорите на менаџмантот за справување со енергетската криза, се вели во реакцијата од АД ЕСМ.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!